Волкановски им се обрати на сите што се сомневаат во неговата сила: Двојно сум посилен од порано!

Шампионот на УФЦ во перо категорија не се сомнева во својата физичка форма пред борбата против Махачeв.

Секогаш кога се отвора дискусија за претстојниот меч меѓу Александар Волкановски и Ислам Махачев, заклучоците се скоро секогаш исти. Многумина веруваат дека Волкановски нема да може да се носи со физичката сила и боречката техника на Ислам Махачев.

Австралиецот со македонско преоѓа од пониска категорија, тој е 10 сантиметри понизок од противникот, а Ислам Махачев физички е еден од најмоќните борци во лесна категорија. Сето ова не му оди во прилог на Волкановски и многумина му даваат мали шанси против фантастичниот Дагестанец, но на Волкановски не му е грижа. Австралиско-македонскиот борец испрати одредено предупредување до Ислам Махачев и секој што се сомнева во неговата физичка способност.

„Се префрлам во повисока категорија, си реков дека морам да зајакнам и да добијам мускулна маса, морам да работам и на одбрана од нокдаун, а сега наеднаш сум двојно посилен отколку што бев!“, изјави Волкановски за Јутјуб каналот на Израел Адесања (‘FREESTYLEBENDER’) и ​​потоа продолжи:

„Мојата одбрана е на своето место, како ѕид сум кога луѓето се обидуваат да поминат преку мене. Веднаш можете да го почувствувате тоа, веднаш штом ќе се зграпчиме, веднаш ќе ја почувствувате значајната сила што сега ја поседувам.”, додаде шампионот на УФЦ во перо категорија.

Волкановски во овој разговор додаде дека верува оти Махачев може да го потцени, а верува дека Ислам Махачев брзо ќе се запраша „Во што се впуштив“, откако ќе почне нивната борба.

Мечот е закажан за 12 февруари на настанот УФЦ 284 во Австралија. Волкановски ќе биде аутсајдер и во тоа нема сомнеж, но многупати ни докажа дека едноставно не можеме да го потцениме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО