Волкановски и О’Мели прогонозираат победа на Хенри Сехудо

Хенри Сехудо се врати во октагонот на УФЦ.

Три години по завршувањето на кариерата, Американецот реши повторно да се врати во УФЦ. Сите фанови се воодушевени што легендарниот борец реши повторно да се бори. Ноќта меѓу 6 и 7 мај Сехудо е предводник на настанот УФЦ 288 во Њу Џерси.

Сехудо ќе се соочи со шампионот во бантам категорија Алџамејн Стерлинг во главниот меч на вечерта. Поранешниот двократен шампион е сигурен во својата победа, а победа на „Трипл Ц“ предвидуваат и Шон О’Мели и Александар Волкановски.

„Мислам дека Хенри ќе ја заврши работата како што треба. Мислам дека ќе постави високо темпо пред Стерлинг. Не знам дали тоа ќе биде со одлука или со нокаут, но мислам дека Хенри ќе ја заврши работата“, изјави О’Мели на својот Јутјуб канал.

„Сехудо очигледно има поголем арсенал, особено во стој. Верувам дека ќе изгледа многу поопасно „на нозе“. Тој е во состојба да го комплетира Стерлинг. Хенри има добра контрола од дистанца  и знае како да ги искористи своите силни страни. Алџамејн треба да му го фати грбот, но дали може да го направи тоа со олимписки борач?

Ако го направи тоа, се ќе се промени. Затоа не го отпишувам. Се наклонувам кон победата на Хенри Сехудо. Има повеќе алатки за победа. Хенри го разбира спортот и се надевам дека добро се подготвил“, изјави Волкановски на својот Јутјуб канал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON