Александар Волкановски изјави дека Федор Емелијаненко е најголемиот ММА борец од Русија.
46-годишната легенда нашироко се смета за најголема во историјата на тешка категорија. „Последниот император“ има скор од 40-6-1 во ММА и е во победничка серија од 2 борби. За 10 години Федор отиде во серија од 27 победи и беше непоразен.
Волкановски е шампион на УФЦ во перолесна категорија. Тој истакнува дека има многу добри борци од Русија, но како најголеми великани ги издвојува Федор и Петар Јан.
„Кој е најголемиот ММА борец од Русија? Очигледно, тоа е Федор Емелијаненко. Но, Петар Јан е мој пријател, па ќе го именувам и него.
Знам дека има многу тешки момци во Русија, тренирав со многу Руси во Тајланд. Водеа добри борби“, изјави Волкановски за ММАМетаратингс.