Александар Волкановски (26-4) паузираше една година по исклучително напорната 2023 година, но сега изгледа подготвен да се врати во кафезот.
Австралиецот со макеоднско потекло објави фотографии од неговиот последен тренинг, навестувајќи дека можеби е време да го видиме назад во октагонот на УФЦ.
„Александар Велики“ последен пат загуби од Илија Топурија (16-0) во февруари на УФЦ 298 за да се откаже од титулата во перо категорија.
36-годишниот ветеран е при крај на кариерата, па со особен интерес ќе го следиме неговиот следен потег.
View this post on Instagram