Волкановски е подготвен за борба со Хабиб

Шампионот на УФЦ во перо категорија, Александар Волкановски, е подготвен да се бори со носителот на титулата во потешката категорија – Хабиб Нурмагомедов.

„Мојата цел е прво да го одбранам појасот“, рече Волкановски и додаде: „Ќе се согласам и на борба со Хабиб Нурмагомедов. Нема да биде толку тешко да се задржи Хабиб. Ќе ми помогнат нискиот раст и малите екстремитети. Покрај тоа, доволно сум силен, можам да работам моќни удари во стој. Многу луѓе мислат дека ќе ме победат со растот, но тоа никогаш не ме запирале“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО