КРА Нико го направи најмасовното полагање, Илиќ најави старт на натпреварувачкиот дел (ФОТО)

Во понеделникот вечерта Клубот за реално аикидо Нико од Кочани направи едно од најмасовните полагања за појаси во  историјата на овој спорт во Македонија во присуство на претседателот на Аикидо федерацијата на Македонија Ѓуро Илиќ, мајсторот Јордан Христовски и тренерот на клубот мајстор Николчо Гоцев.

Полагаа 60 аикидисти и со тоа покажаа дека Нико е еден од најбрзо растечките клубови во нашата земја и предводник во популазирањето на оваа вештина.

Претседателот Илиќ најави дека се при крај подготовките за натпреварувачкиот дел и дека наскоро ќе бидат објавени сите информации во врска со тоа.

Испитната комисија беше задоволна од прикажаното и сметаат дека многу од овие млади деца ќе прераснат во врвни спортисти.  

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО