Волкановски-Махачев официјално на 12 февруари во Перт

УФЦ и официјално ја најави борба за титулата во лесна категорија меѓу Ислам Махачев и Алекс Волкановски.

Борбата меѓу актуелниот шампион во лесна категорија и лидерот во рангирањето на П4П ќе биде одржана ноќта на 12 февруари во Перт, Австралија.

Махачев ја освои титулата до 70 килограми на 22 октомври победувајќи го Чарлс Оливеира. Волкановски првпат по 7 години ќе се бори во лесна категорија. Досега во УФЦ Австралиецот со македонско потекло се бореше само во перолесна категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО