ММА борец си ја убил сопругата пред детето, лажел дека исчезнала (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Поранешниот професионален ММА-борец, Луис Пабло дос Сантос е обвинет дека си ја убил сопругата пред шестмесечниот син, а потоа нејзиното тело го пренесе со количка до автомобилот.

Сантос ја убил својата 26-годишна сопруга Елида Туана Ферара да Сантос во нивниот дом во Сао Паоло, по што на полицијата ѝ кажал дека исчезнала на пат кон автобуска станица.

Меѓутоа, ММА-борецот беше уапсен откако полицијата го пронајде телото на неговата сопруга во близина на една река, а во соопштението е наведено дека таа била застрелана четири пати.

Снимките од надзорните камери покажуваат дека поранешниот борец користи количка од продавница за да го однесе телото на својата сопруга до семејниот автомобил, по што најверојатно ја носи до реката каде што го оставил телото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО