Волкановски: Ќе го скршам Ортега, како што го направив тоа со Холовеј

Шампионот во перо категорија Александар Волкановски е подготвен да ја одбрани титулата против Брајан Ортега. УФЦ планира да ги спртистави во следните неколку месеци. 32-годишниот шампион има учинок од 22-1 во ММА и е во серија од 19 последователни победи.

Тој доаѓа по двете последователни победи над Макс Холовеј, кој пред неколку години го здроби Ортега и му го нанесе првиот пораз во ММА. Волкановски нема пораз скоро 8 години и заврши 14 ривали.

Дефинитивно, борбата е интересна за навивачите, а „Големиот“ верува дека ќе го разбие Ортега на начинот на кој го победи Холовеј:

„Верувам дека ќе го скршам онака како што тоа го направив со Холовеј. Верувам дека можам да стигнам таму. Моите вештини ќе ми помогнат да извршам притисок. Тоа е забавна битка, затоа што ќе треба да го притиснам. Застанувам пред лицето на мојот противник, а луѓето сакаат да го видат тоа.

Постојат нивоа во овој спорт. Верувам дека мојата напнатост е нешто што многу луѓе не го виделе. И Израел Адесања така рече. Тој вели дека на нашите спаринг-мечеви го притискам, иако сум многу понизок. Ова е нешто што не можете да го разберете додека не застанам пред вас во кафезот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО