Во стилот на Мајк Тајсон боксер го гризна противникот (ВИДЕО)

Каш Али се најде во центарот на вниманието на светските медиуми по синоќешното скандалозно однесување на бокс мечот со Дејвид Прајс. Во стилот на Мјак Тајосн го гризна својот проитвник Дејвид Прајс за време на нивниот меч во тешка категорија, за што беше дисквалификуван.

Додека се бореа на рингот во петтата рунда, Али, кој веќе беше предупреден од судијата поради недозволен удар во тилот на противникот, го притисна Прајс на земјата. Се најде над противникот од Ливерпул и ги заби забите во неговото тело. Прајс се пожали на судијата за однесувањето на неговиот противник.

Али беше дисквалификуван и отстранет од салата од страна на службениците.

По средбата, Прајс, кој тврди дека бил гризнат повеќе од еднаш, ја прокоментира ситуацијата за Скај спорт.

„Да гризнеш човек кога е на подот? Тоа е толку ниско. Мора да биде казнет“, вели Прајс.

Али влезе во битката со 15 победи во 15 борби, но е загрозен од голема казна и нема да добие паричен надомест за мечот.

https://twitter.com/SCENES_Official/status/1112137643947708416?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1112137643947708416&ref_url=https%3A%2F%2Fplusinfo.mk%2F%25d0%25b1%25d0%25be%25d0%25ba%25d1%2581%25d0%25b5%25d1%2580-%25d0%25b3%25d1%2580%25d0%25b8%25d0%25b7%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d1%2580%25d0%25b8%25d0%25b2%25d0%25b0%25d0%25bb-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d0%25b2%25d1%2580%25d0%25b5%25d0%25bc%25d0%25b5-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25bc%25d0%25b5%25d1%2587-%25d0%25b2%25d0%25b8%25d0%25b4%2F

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО