Во среда се прогалсуваат „Спортистите на годината 2018“ – боречките спортови доминираат

Во среда Агенцијата за млади и спорт (АМС) ќе ја одржи традиционалната спортска манифестација „Избор на спортисти“ која ќе се одржи по 64.пат во хотелот „Александар Палас” во Скопје со почеток во 19 часот.

Како што информираат од АМС, се приближува денот за избор на најдобрите и македонската јавност ќе има можност да го проследи настанот каде ќе се собере  најдоброто од Македонскиот спорт, на едно место.

Главниот збор ќе го водат спортистите од боречките спортови.

Категориите во кои ќе се изберат најдобрите се:

  1. Спортист на годината – Емил Павлов – карате, Димитар Ѓоргиев – кик бокс, Могамедгаџи Нуров – борење
  2. Спортистка на годината – Ангела Мојсовска – карате, Сара Ристовска – ракомет, Елена Ѓоргиевска – ракомет
  3. Млад спортист на годината – Дејан Георгиевски – таеквондо, Фаик Весели – карате, Марио Танкоски – ракомет
  4. Млада спортистка на годината – Анамарија Георгиевска – таеквондо, Викторија Варадинова – кик бокс, Вероника Костовска – карате
  5. Најуспешен машки национален тим – ракомет сениори, фудбал сениори, карате кумите тим
  6. Најуспешен женски национален тим – ракомет сениорки, карате ката тим,
  7. Најуспешен спортист на лице со инвалидитет – Оливера Наковска Бикова – спортско стрелаштво, Андреј Стојановски – пливање за лица со оштетен слух
  8. Најуспешен тренер/селектор – Сашко Арсовски – карате, Бранимир Јовановски – лица со телесен инвалидитет, Дејан Митровски – кик бокс мај тај, Игор Ангеловски – фудбал, Борче Костовски – таеквондо
  9. Најуспешна национална спортска федерација – карате, ракомет, кик бокс, фудбалска, одбојкарска
  10. Најуспешен спортист во странство – Кире Лазаров –ракомет, Горан Пандев – фудбал, Никола Ѓоргиев – одбојка
  11. Најуспешен спортски училишен тим од основните училишта –
  12. Најуспешен спортски училишен тим од средните училишта
  13. Најуспешна спортски универзитетски тим од Универзитетите

https://www.facebook.com/AMSMacedonia/posts/2131192523569011

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО