Бризил со победата го потврди статусот задолжителен предизвикувач на Вајлдер (ВИДЕО)

Доминик Бризил (20-1, 18 КО) го потврди статусот на задолжителен предизвикувач на шампионот на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер.

33-годишниот Американец во Бруклин на настанот во Бруклин кој го предводеа близнаците Шарло со десно кроше во 9-тата рунда го нокаутира Порториканецот Карлос Негрон (20-2, 16 КО).

„Знаев дека големиот ударач доаѓа. Се подготвував за таа десна рака цела вечер. Забележав дека од третата рунда ја спушта левата рака и кога направи чекор во лево, тогаш го погодив. Јас сум следниот на ред за Дионтеј Вајлдер и доаѓам по него Знам дека Вајлдер е во публиката. Дојде да гледа. Тој знае дека јас сум следниот. Подобро е цврсто да го држи појасот, бидејќи доаѓам“, рече по победата „Пробеломот“.

Брзизил веќе еднаш се бореше за титулата светски шампион во тешка категорија во 2016-тата. Ентони Џошуа го нокаутира во Лондон во борбата за појасот на ИБФ.

https://www.youtube.com/watch?v=MXTasOlZ3-A

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО