Џон Џонс влезе во историјата, ќе биде тестиран и од ВАДА

Денес, поранешниот шампион на УФЦ, Џон Џонс, влезе во историјата. Тој ќе биде првиот MMA борец во историјата кој истовремено е тестиран и од ВАДА и од УСАДА. Причината за таа одлука е фактот што во неговиот примерок од овој месец пак беше откриена забранета супстанца – туинбал. Како резултат на тоа, УФЦ го пресели претстојниот настан, бидејќи комисијата на Невада не му дала лиценца на Џонс, а истата ја има во Калифорнија.

Денес, директорот на Спортската комисија на Калифорнија, Енди Фостер, рече дека од денеска Џонс е вклучен во програмата на ВАДА и ќе биде тестиран од нив. Првично Џонс го одби тоа, но сега нема избор, затоа штоако одбие да се тестира ќе му ја земат лиценцата и во Калифорнија.

„Џон Џонс дефинитивно е чист во моментот. Нема сомнение за тоа. Комисијата во Невада нема време да ги поправи работите и тоа е причината борбата се одржи во Калифорнија. Сакам да кажам пред сите дека тој не е на стероиди, а пред два дена патував со авион за да го докажам тоа.

Многу луѓе велат дека е на стероиди, но тоа не е вистина. Др. Гудман, кој е претседател на ВАДА, ќе го тестира Џон Џонс и сè ќе излезе на површина“, рече Фостер.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО