Во сабота се одржува Државното првенство во традиционално таеквондо во Охрид

Македонската традиционална таеквон-до федрација на 16 март органзира Државно првенство на Македонија во традиционално таеквон-до (ИТФ) во форми и борби.

Првенството ќе се одржи во СРЦ „Билјанини извори” (мала сала) со почеток во 11: 00 часот.

Првенството го организира најстариот клуб во Македонија, ТК Мастер” од Охрид, кој го органзираше и минатогодишното првенство.

Ова е официјално второ Државно првенство на Македонија, иако спортот се практикува 32 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО