„Челична тупаница“ – спектакуларен боксерски настан во Тирана со тројца македонски боксери

Настанот „Челична тупаница” во Тирана, Албанија, закажан на 22 март 2024 година, претставува вистинско боксерско воодушевување. Ова е момент кога тројца македонски боксери ќе настапат во рингот со цел да го докажат својот потенцијал.

Ице Трајкоски ќе се бори во својата петта професионална борба против боксер од Босна и Херцеговина, додека дебитантите Тоше Цветков и младиот перспективен боксер Матеј Чатлески ќе се појават за првпат во професионалниот ринг, подготвени да ја покажат боксерската умешност и талент.

„Ова е шанса на сите македонски боксери да го покажат својот потенцијал и да чекорат во добра професионална кариера. Сите боксери се во одлична форма, очекуваме борби полни со експлозивни акции.

По настанот, планираме да  организираме неколку боксерски ревии во Македонија, со што ќе продолжиме да ги презентираме нашите титани во рингот со цел да ги внесеме во фокусот на вниманието на публиката“, вели Дарко Чатлески, секретар и менаџер на Про бокс Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО