Во сабота ќе се одржи 44-от „Лорд куп“, еден од најстарите карате турнири во нашата земја vво организација на КК Аеродром. Турнирот ќе во Основно училиште „Ѓоргија Пулевски“ во Скопје, Општина Аеродром, а ќе учествуваат само поканети клубови.
Лорд купот ќе почне во 10 часот со цртање со креди во боја пред училиштето, а во 11 часот е постројувањето, односно церемонијата на отворањето. За добредојде секој учесник ќе добие слатко.
Право на натпревар имаа родените во 2008 година и помлади, машки и женски, поединечно и екипно, само во кати. Првата група е на возраст до 8 години, а втората од 9 до 11 годишна возраст, односно ученици од I, II и III одделение во првата и од IV и V одделение во втората.
Во екипниот дел може да се пријави само по една екипа во категорија од клуб, машка и женска (до 8 годишна возраст група 1 и од 8 до 11 годишни група2).
Според правилата, учесниците ќе изведуваат само ученички кати.
Неутрална комисија ќе изберат изведби за карате оскар во поединечна конкуренција, а за избраните екипи пехар.
Пријавуањето е до четврток.