Во сабота и недела Пинк пантер тим е домаќин на 29. Државно поединечно првенство во бокс

БК Пинк пантер тим од Штип во сабота и недела (25 и 26 ноември) е домаќин на 29. Државно поединечно првенство во бокс за сите возрасни категории.

Во сабота се полуфиналните борби со почеток во 11 часот, а во недела финалните во 14 часот.

Првенството ќе се одржи во салата на ООУ „Тошо Арсов“.

Боксерската федерација на Македонија и Пинк пантер тим ветуваат возбудливо првенство со најдобрите македонски боксери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО