Во сабота „Лорд куп“ и промоција на „Македонските карате почетоци“

Во сабота (21 мај) ќе се одржи 47-от карате турнир „Лорд куп“, кој е посветен на 40-годишнината (1982-2022) на Карате клубот Аеродром.

Купот ќе се одржи во салата „Марко Божиновски“ во Ново Лисиче, Општина Аеродром, со почеток во 11 часот.

„Воедно, прославуваме 50 години од традицијата на одржувањето на летните карате кампови во Македонија (1972-2022), по кој повод е посветена и налепницата на овој карате натпревар“, вели организаторот на турнирот Димче Јанковски.

Притоа, ќе се промовира книгата „Македонските карате почетоци“ од Димче Јанковски, во која се поместени видувањата на повеќе учесници од тој почетен период на карате спортот

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО