Алистер Оверем наскоро ќе дебитира како професионален борач

Легендарниот холандски борец Алистер Оверем сакаше да ja продолжи кариера во кик-бокс по УФЦ, и доби можност да се бори за титулата Глори во тешка категорија против Рико Верховен.

Борбата требаше да се одржи минатиот октомври, но Демолишн мен го откажа настанот две недели порано поради повреда.

Оверем имаше време да размисли што сака да прави, па реши да се обиде во професионалното борење.

Славниот Холанѓанец ќе го води настанот Wrestling Entertainment Series, кој ќе се одржи на 4 јуни во Моторпоинт Арената во Нотингем.

Во главната борба на настанот поранешната ѕвезда на УФЦ ќе дебитира во рингот против Адам Шер (Браун Строуман). Тој меч ќе го круниса првиот ВЕС/ WES шампион.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alistair Overeem (@alistairovereem)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО