Во недела се одржува Меѓународниот таеквондо турнир „Скопје опен 2019“

Во недела се одржува 6.Меѓународен таеквондо турнир „Скопје опен 2019“, на кој се пријавени 450 натреварувачи од 8 држави, односно од 40 клуба.

Турнирот кој е во организација на ТКД Бутел со поддршка на Македонската таеквондо федерација ќе се одржи во Спортскиот центар Кале со почеток во 9 часот.

На турнирот ќе настапат и нашите најдобри натпреварувачи, репрезентативците Дејан Георгиевски, Филип Додевски, Анамарија Георгиевски и други.

Организатирите велат дека ова е еден од помасовните меѓународни турниро во државата кога се во прашање боречките спортови.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО