Во недела Државни џудо првенства за пионери и сениори во Прилеп

Во недела во Прилеп ќе се одржат Државните првенства во џудо за пионери-ки и сениори-ки.  Првенствата ќе се одржат во салата на СОУ „Ристе Ристески Ричко“ без присуство на публика во организација на ЏФРСМ и техничка организација на ЏК Сеишин.

Ова се првите државни првенства во џудо по година ипол пауза поради пандемијата.

А, како што информира клубот домаќин на првенството, Сеишин ќе настапи со околу 20 натпреварувачи во двете возрасни категории.

Од друга страна, за наредниот викенд се закажани уште четири државни првенства по возрасни категории и, пак, организатор ќе биде Сеишин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО