Во недела џудо семинар во Прилеп за лиценцирање на судии и тренери

Во недела, на 30 мај, во Прилеп ќе се одржи семинар за лиценцирање на судии и тренери за тековната 2021 година.

Семинарот е во согласност со  програмата за работа на Судиската комисија, Комисијата за едукација и лиценцирање на џудо тренери и Џудо федерацијата на Македонија.

Семинарот ќе се одржи во Студентски дом „Орде Чопела“ во техничка организација на ЏК Сеишин.

Семинарот ќе биде спроведен од страна на Комисијата за едукација и лиценцирање на тренери и Судиската комисија при ЏФСМ. Практично со овој семинар се отвара и новата натпреварувачка сезона во џудо спортот по долгата пауза поради ковид-пандемијата.

Сеишин ја превзема техничката организација на овој настан на кој ќе учествува со 7 стручни кадри – 5 тренери и 2 судии.

Исто така прилепските клубови Санкаку и Прилеп најавуваат учество со по две стручни лица, со по еден тренер и по еден судија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON