Македонските воини во УФЦ – Александар Волкановски и Ален Амедовски обединети за Македонија (ФОТО)

Се сретнаа македонските воини – шампионот на УФЦ, Александар Волкановски и Ален Амедовски, кој исто така настапува во УФЦ.

Амедовски ја објави фотографијата од сребата со Александар Македонски и напиша Македонија.

Имаше што да си кажат и да разменат искуства, а Ален да му ја пренсе топлината на Македонија кој живее во Австралија и подолго време не доаѓал во родната земја на неговиот татко кој е од битолско Беранци, а мајка му е од Егејска Македонија .

Волкановски требаше во март да ја брани титулата против Даниел Ортега, но коронавирусот го спречи. „Александар Велики“ има учинок 22-1 во ММА и е во серија од 19 последователни победи. Заврши 14 противници, а УФЦ му даде нова шанса да се бори со Ортега.

Амедовски имаше два настапи во УФЦ во кои беше поразен, а на последниот против Џон Филипс беше нокуатиран за 17 секунди.

Се надеваме дека Амедовски ќе се врати на серијата која ја имаше во Белатор. Наскоро го очекува настап на настанот кој го предводат Конор Мек Грегор и Дастин Пориер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО