Петар Арсовски ќе се бори за златниот медал на Државното првенство во Бугарија (ФОТО)

Трета последователна победа за Петар Арсовски на Државнто првенство на Бугарија за големото финале.

Арсовски (52 кг) денес во полуфиналето со 3-0 го совлада Кирилов Красимир од БК Бојаџиев од Софија. Така со три полседоватлени победи се пласира во големото финале кое е утре во10 ч

„Влезе премногу самоуверено во мечот и тоа е добро, меѓутоа испуштивме неколку шанси да ја заврши борбата со прекин“, изјави неговиот татко Александар Арсовски кој е поранешен боксер, а сега работи и како тренер.

Петар настапува за Локомотив од Софија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО