Во Москва е одбележан меѓународниотден на боксот со рекорд за Гинис (ВИДЕО)

Повеќе од 4.000 луѓе учествуваа на масовен отворен тренинг во главниот град на Русија, по повод Меѓународниот ден на боксот.

Трета година по ред се одржа манифестацијата на Црвениот плоштад во главниот град на Русија – Москва, а, според неофицијални податоци, вчера учество во отворениот тренинг земале 4273 лица. На настанот беа присутни и официјални лица од Светските рекорди на Гинис кои имале задача да ги пребројат учесниците, за да видат дали е подобрен рекорд од 2017 година.

Еден од водечките на програмата беше поранешниот светски шампион во неколку категории – Рој Џонс Јуниор, а поранешниот светски шампион во тешка категорија Николај Валуев демонстрира борба со сенка до една од ѕидините на Кремљ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО