Издаден налог за апсење на Џон Џонс

УФЦ-шампионот Џон Џонс мора да биде уапсен од страна на полицијата. Службениците за спроведување на законот издадоа налог за апсење за инцидент со келнерка во стриптиз клуб во САД.

https://www.instagram.com/p/B0Ng7PFHTQv/?utm_source=ig_embed

Локалната полиција во Албукерке издаде налог за апсење пред две недели, а случајот е од април. Полицијата била известена од келнерка за непристојно однесување на Џонс. Таа открива дека борецот ја песнал по газот, а потоа ја натерал да му седне во скут и почнал да го бакнува нејзиниот врат против нејзина волја.

По пријавата е закажана судска расправа, но Џонс не се појавил. Затоа е издаден налог за апсење.

https://www.instagram.com/p/B0NhQ4YHymH/?utm_source=ig_embed

„Денес слушнавме од медиумите дека Џонс е неправедно обвинет, но известувањата беа испратени на погрешна адреса. Г-дин Џонс плати парична казна и гаранција. Тој има бројни сведоци и тие се подготвени да ги побијат лагите “, рече портпаролот на шампионот.

https://www.instagram.com/p/B0NozD9IKY4/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО