Во „македонската категорија“ на Симон Антиќ за малку му избега медалот во Салзбург!

Simon vo akcija

Во „македонската категорија“ на Симон Антиќ (Макпетрол) за малку му избега бронзениот медал на Карате 1 Премиер лигата во Салзбург, Австрија. Во решавачката борба за бронзениот медал во репасажот загуби со 1-0 од Јапонецот Рјутаро Арага.

Антиќ ги победи Михал Чијновски (Полска) 5-1, Даниел Мари (Италија) 3-0, а загуби од Иван Квесиќ (Хрватска) со 4-0. Во репасажот славеше против Лахад Абду Сисе од Франција 3-2, па Дејан Цвркота (Србија) 1-1 со судиско изјаснување.

Вктор Крстевски (Металург) нанижа три победи и во четвртфиналето беше сопрен од Рјутаро Арага (Јапонија) и тоа со минимален резултат 1-0. Кртсевски извојува победи над: Фран Казанова (Шпанија) 1-0, Андре Грацер (Австрија) 5-2 и Микаел Серфати (Франција) 3-2.

И Сашко Патраклиев (Македонка) имаше добар настап, кој исто така извојува три победи, а во четвртфиналето беше поразен.

Тој ги победи Луиџи Валера (Франција) 4-1, Марко Валтрет (Швајцарија) 0-0, Јоаким Ларсен Виберг (Данска) 0-0, но беше победен од Нуно Мориера (Франција/Шпанија).

 ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON