Во Кочани завршија подготовките на младите борачи за Балканското и Медитеранското првенство

Денеска во Кочани завршија седумдневните подготовки на пионерите и кадетите кои ќе учествуваат на Балканското првенство и Медитеранските игри во Ксанти, Грција,  од 26 до 31 октомври.

На подготовките учествуваа 35 борачи со кои работеа тренерите, Горан Стојанов, Игор Недлековски, Нехад Џафери, Горан Атанасов и Ангел Стефанов.

Вчера репрезентативците добија опрема, а претседателот на БФРСМ, Дејан Богданов, вчера во Кочани рече дека Федерацијата ќе вложува за подобрување на условите на тренинзи, притоа им посака успешен настап на Балканското првенство и на Медитеранските игри.

Репрезентацијата за Ксанти заминува на 27 октомври.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО