Во Белатор се подготвени да ја преземат Киборг

Конкуренцијата Белатор е подготвена да ја прибере поранешната шампионка на УФЦ во перо категорија, Крис Киборг.

Имаше многу тензии во последните неколку денови меѓу УФЦ и Киборг откако Бразилката сподели видео со кое му се посмеваше на Дана Вајт. На претседателот на организацијата не му се допадна тоа и рече дека повеќе нема да работи со неа.

Белатор е повеќе од среќен од ваквата разврска и нивниот претседател Скот Кокер е подготвен да и понуди на Киборг понуда за соработка.

„Слушнав дека УФЦ нема да и понуди на Крис договор. Ова е одлична вест. Во следните 5 минути ќе ја повикам Ауди Атар, која е нејзин менаџер. Не знам што да кажам за тврдењата на Вајт дека се плаши од Нунес. Мислам, Киборг не се плаши од никого“, изјави Кокер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО