Владимир Кличко: На 25 април ве очекува неверојатен спектакал! (ВИДЕО)

Klicko blek

Светскиот шампион во супертешка категорија во верзиите ИБФ, ВБА, ВБО и ИБО, Владимир Кличко, со видео-порака се обрати на љубителите на боксот, поканувајќи ги да го посетат натпреварот против Брајант Џенингс во Њујорк.

„Јас сум Владимир Кличко и сум среќен што се вратив во „Медисон Сквер Гарден“. Јас, светскиот шампион во супертешка категорија против кандидатот на Филаделфија. Џенингс е Роки Балбоа од Филаделфија, а јас, шампионот, се јавувам како најлошиот човек на планетата. Во борбите во супертешка категорија секогаш владее посебна атмосфера, а „Медисон Сквер Гарден“ е посебно место. Тоа е меката на забавата и е вистинско задоволство да настапуваш таму. Нема да прогнозирам. Единственото нешто што ви ветувам е дека на 25 април ве очекува неверојатен спектакл. Не ја пропуштајте оваа борба“, вели Владимир Кличко во своето обраќање на обожавателите на боксот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО