Јасин Реџелари: Имам животна шанса да освојам медал! (ВИДЕО)

467

Jasin redzelari za inervju

Прикажаните борби на Меѓународниот турнир „Петко Сираков“ во Бугарија за младинци до 23 години од страна на Јасин Реџелари од БК Лирија – Скопје ги подгреваат надежите на селекторот на репрезентацијата до 23 години, Тони Танчев и на боречката јавност, дека идната недела на Европското првенство во Полска може да очекуваме висок пласман на еден од најдобрите борачи во нашата земја.

Реџелари минатиот викенд прикажа одлични борби и за малку му избега бронзениот медал, но уште позначајно е што совлада силни противници, а уморот и домашниот терен беа препрека за освојување на медал.

-Ми фалеше физеотерапевт. Бев многу уморен од претходните борби и моите мускули требаше да се опуштат, а така освежен сигурно ќе го победев мојот противник. Колку за илустрација, Грузиецот го победив со 11-1 за 1минута и 20 секунди, а тој го победи Бугаринот 22-10. На Бугаринот му помагаа судиите, како на домашен борач, тоа се случи и на средбата со мене во борбата за третото место.

Кога бевеме на подоготовки во Тетевен-Бугарија, на контролните борби и истиот противник на контролните борби го совладав два пати со технички туш. Затоа, истакнувам дека ни треба стручна екипа за поголеми резултати.

На домашен терен речиси и да немаш конкуренција. Колку е добро тоа за тебе или колку е лошо?

-Тоа е лошо. Да имам конкуренција на меѓународната сцена ќе бидам многу подобар, не само јас, туку и останатите борачи, затоа што ќе имаме повеќе тренинзи и борби.

Што може да очекуваме на првото Европско првенство за младинци до 23 години во Полска?

-Очекувам добри борби и да стигнам до медал. Ова ми е животна шанса, бидејќи до сега не ми даваа прилика, а сега на првото Европско  првенство до 23 години сакам да си ја остварам животната желба. Моите противници ги видов на „Петко Сираков“, ако имам само малку среќа при жребувањето, ќе прикажам добри борби и се надевам да освојам и медал.

Na ppiedestal

Реџелари ќе биде дел и од репрезентацијата што ќе учествува на првите Европски игри во Баку, потоа и на Светското првенство во Лас Вегас, САД, каде што треба да се избори норма за Олимписките игри 2016 година во Бразил. Може ли да очекуваме дека Јасин ќе го видиме на ОИ во Рио де Женеиро?

-Ја се надевам дека ќе обезбедам норма за ОИ во Рио, при што треба да имам малку среќа и во жребот. Со добри подоготовки ќе дадам се од себе за да се изборам за олимписката норма.

Jasin so reprezentacija

Кај нас талентот не е оспорен, има таленти, што во минатото се покажа со медали од најголемите манифестации како ОИ, СП и ЕП. Што ни фали за да се вратиме на врвот?

-Треба да се обезбедат услови, односно да се најде начин освојувачите на медали да се поддржат материјално, за да немаат други преокупации, туку да мислат само на борењето. Освојувачите на медали од Државните првенства треба да живеат од борењето, затоа што им требаат пари за исхрана, а и повеќе ќе тренираат. Ако го вратиме мотивот, ќе вратиме и многу други борачи назад, кои веќе се откажаа од активното борење. Потоа, ни требаат подолготрајни подготовки, што во минатото се покажало како исправно, а другите држави тоа го прават и денес. Така што борачот ќе мисли само на борењето. Имаме квалитетни борачи на кои им треба настап на повеќе меѓународни турнири, а не да останат само со 4-5 борби на државните првенства.

Jasin so VraneziБидејќи си студент (апсолвент) на Факултетот за физичка култура, колку тоа ти помага во подоготвеноста и во настапите?

-Научив многу работи. Како прво за способностите на телото, потоа за начинот на исхраната,  како битен елемент за врвни дострели. Има еден друг, многу битен елемент, а тоа е спортистите да имаат спортски психолози. Тоа го применувам и многу ми помага.

Кој најмногу влијаеше во креирањето на твојата боречка кариера?

-Секако, најпрво ќе го спомнам покојниот Ментас Алибегај, а во моментов Љуљзим Вранези и Неат Џафери.

Како да се врати популраноста на некогаш многу популраниот спорт?

-Прво, медиумите повеќе да го презентираат борењето; да се организираат повеќе меѓународни турнири во нашата земја, за да дојдат големите ѕвезди на борењето и во Македонија, така што кај најмладите ќе се всади љубовта за борењето. Забележав дека младите го сакаат борњето, само и треба мал поттик.

Jasin i Lirija

Лирија е клуб со долга традиција и славни борачи. Што значи тоа за тебе?

-Од Лирија произлегоа врвни борачи, освојувачи на медали од Олимписките игри, Светските и Европските првенства, како Шабан Трстена, Шабан Сејдиу, Бајрам Чероли, Авдула Мемети (кој со борење почнува да се занимава на 23 годишна возраст) и други. Лирија е клуб што ги има постигнато сите резултати во борењето. Една работа, во моментов, е многу важна, се враќа атмосферата во клубот. Имаме сала за борење „Ментас Алибегај“, каде што се работи со сите возрасни категории за кои има посебни тренери. Ги имаме сите услови: теретана, сауна, греење…

Што друго те интересира освен борењето?

-Спортскиот живот (ги изговара зборовите со насмевка). Борење, факултет, кој исто така е поврзан со спортот… Ги повикувам сите млади да се занимаваат со спорт, дали со борење, карате, кик бокс, џудо, не е важно, туку да вежбаат, за да имаат здраво тело и здрав дух. Jasin na TRT

Која е твојата неостварена желба? 

-Да освојам медал на ОИ, СП или ЕП за сениори.

Како изгледа борбата со регулирањето на килажата?

-Најголемите проблеми се јавуваат тогаш кога треб ада симнам килажа, бидејќи правилата се многу ригорозни. И 50 грама да имаш повеќе ќе паднеш на мерењето, што значи дека уште вагата завршил натпреварот за тебе. А, пак, кога треба да симнеш осум килограми, тоа е посебна приказна.

И брат ти Ирфан се занимава со борење  и тој е државен шампион. Како е кога двајца браќа се во исти клуб, а се тука некаде и со категориите?

-Еднаш се боревме во финале на Државно превнство и го победив (повторно се смее, така скриено опишувајќи ја братската борба која имала и некој домашен вкус). Тој е талентиран. Со оглед на тоа што е помал, ако продолжи така ќе има успеси. На почетокот беше подобар од мене. Му треба мотивација.

А, кој е најголемиот виновник што воопшто почна да се занимаваш со борење?

-Татко ми многу го сакаше борењето и уште кога имав 5-6 години ме носеше да гледамнародно борење (пеливаните), а потоа почна да меноси и на тренинзи. Но, има една историја за неговата љубов кон борењето. Многу го сакал борењето, но не можел да тренира бидејќи неговиот татко му забранувал. Така, забраната се претворила во опсесија, па затоа и мене и брат ми не поддржува како борачи.

Лична карта

Јасин Реџелари е роден во Скопје 1992 година. Првите боречки чекори ги прави на осумгодишна возраст во БК тефејуз од Скопје, од каде по 3-4 месеци поминува во Лирија, заради проблеми во клубот. Првите зафти ги учи од рамадан Шабани и Хасан Беслими. Во 2009 година поминува во БК Хедис, каде што тренер е Шабан Сејдиу, но поради познантите случувања околу случувањата на сопственикот на фирмата „Хедис“, Велија Рамковски, овој перспективен клуб згаснува, а тој во 20011 година пак се враќа во Лирија.

Позначајни медали

Реџеалри во неговата доегашна кариера освоил околу 80 медали на сите натпреварувања од детска до сениорска конкуренција.

2011г. – „Рафаел Мартинети“-Швајцарија – бронзен медал Jasin na medtiteranski igri

2013 г. – Медитерански игри – бронзен медал

2013г. –  Медитеранско првенство во борење – златен медал

2013г. – „Адем Јашари“ во Приштина – златен  медал и најдобар борач

2014г. – „Македонски бисер“ – златен медал и најдобар борач

2014г.  Европско првенство за Сениори во Финска – 8 место – 61 кг

2003 – 2015 г. Државен првак – 3 пати во кадетска конкуренција, 3 јуниорска и 5 сениорска

2015 г. – „Петар Сираков“ –У 23-Бугарија – 5 метсо

2013 и 2014 година е меѓу 10-те најдобри спортисти на Скопје

2013 г. – Ѕвездите на спортот – Албанци во Тетово – најдобар спортист

ipon.mk/В. Донев