Владимир Кличко: Моето мислење за допингот е негативно, посебно во боксот

klicko-fjuri-borba

Легендарниот украински боксер, Владимир Кличко, на кого на 29 октомври му претстои реваншот за светската титула во супертешка категорија со Британецот Тајсон Фјури, го кажа за својот став спрема допингот и зошто од неговиот штаб инсистирале за вклучвање во договорот на клаузула за строга контрола на правилата на Светската антидопинг агенција (WADA/ВАДА).

„Во договорот се наведува дека двете страни ќе бидат подложени на случајна допинг контрола. Тоа е одлично. Општо земено, моето мислење за допингот е негативно. Тој не треба да биде присутен во спортот, особено во боксот, бидејќи кај нас победуваш, однонсо претепуваш некого. Мое мислење е крајно негативно во однос на се што е поврзано со употребата на допинг во спортот воопшто. Како професионален спортист во текот на овие 20 години, постојано бев проверуван во целата моја кариера“, изјави Кличко.

Исто така, истакна дека не му е грижа за сослушувањето за допинг случајот со Тајсон Фјури во Британската антидопинг агенција.

„Не ме интересира, тоа не е моја работа”, додаде Украинецот.

„Не сакам да губам концентрација, да се занимавам со други работи. Тоа е во втор план. Како да не се случило. Јас го правам она што се бара од мене – ги поминувам допинг тестовите, тренирам и се подготвувам, а се останато не е во моја надлежност“, истакна Владимир Кличко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО