Минаков во УФЦ во 2017-та? Спорот со Белатор го отежнува преминот

vitali-minakov-keith-mills

Непоразениот Виталиј Минаков откри дека договорниот спор со Белатор го спречува доаѓањето во УФЦ.

Поранешниот шампион во тешка категорија на Белатор за Izvestia.ru изјави дека што се однесува за него веќе би бил во УФЦ.

„Имав договор со Белатор, а не на одреден број на настапи, туку за период од три години. Поминаа три години, но клаузула за шампионите вели дека тие имаат право на два или три пати да го продолжат договорот за шест месеци. И тие го направиле тоа“.

„Мојот договор со Белатор истекува за неколку месеци. Но, одеднаш, почнаа да се однесуваат чудно. Инсистираат на тоа дека треба да одработам уште неколку борби за нив, иако во договорот не пишува ништо во врска со бројот на борбите. Сега, прашањето го проучува на мојот адвокат“.

31-годишниот Русин за Бечатор не се бореше од победата над Чеик Конго во април 2014 година Организацијата му го одзеде појасот, но не му даде отказ, како на шампионот во лесна категорија Вил Брукс, кој веднаш потпиша за УФЦ.

„Наскоро ќе потпишам нов договор со една од најголемите промоции во светот“, заврши Минаков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО