Владимир Кличко: Фјури го влечка боксот низ кал

klicko direkt

Поранешниот шмапион во тешка категорија, Владимир Кличко, го обвини Тајсон Фјури дека ја нарушил репутацијата на боксот со неговите коментари, повлекувања и признанија за користење кокаин.

Британецот двапати го откажа мечот против Украинецот, објави дека се повлекува од боксот за тоа да го демантира неколку часа подоцна, по што во интервју за „Ролинг стоун“ изјави дека постојано земал кокаин и дека „не сака да живее“.

Некои експерти се сомневаа во менталната состојба на ВБА и ВБО шампионот во тешка категорија, но Украинецот не е импресиониран.

„Фјури го влечка боксот низ кал. Ова шоу покажува колку не-фер боксер е тој“, вели Кличко во изјава за германскиот весник „Билд“.

Бидејќи Фјури не е активен, Кличко може да се реши на меч со уште еден Британец, поранешниот олимписки шампион Ентони Џошуа.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО