Дејвид Хеј се враќа во рингот

dejvid-hej-muskuli

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Дејвид Хеј, потврди дека ќе се врати на рингот на 10 декември. Противник се уште не е познат.

Хеј се бореше два пати во текот на оваа година, постигнувајќи победи над Марк де Мори и Арнолд Џерџај.

„Еве ви мала надградба. Јас сум во форма, здрав сум и ќе се вратам во акција на 10 декември 2016 година. Противникот ќе биде објавен наскоро. Ќе бидете задоволни“!, напиша „Хејмејкер“ на социјалните мрежи.

Можно е негов противник да биде ветеранот и исто така поранешен светски шампион Шенон Бригс, кој одамна инсистира да се сретне со Британецот. Двајцата неколку пати имаа вербална војна, па дури и директна конфронтација во последните месеци, а ништо чудно да станеме сведоци на пресметка.

На почетокот на оваа година Дејвид Хеј се врати на рингот по четиригодишно отсуство. Британецот имаше сериозни проблеми, а преживе операција на рамото, поради што на два пати му пропадна мечот со светскиот шампион Тајсон Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО