Федор ги осуди борбите на деца во Грозни

fedor-crno-bela

Легендарниот Федор Емилијаненко ги осуди борбите во кафезот кои беа организирани меѓу мали деца на настанот Гранд при Ахмат 2016 фајналс во Грозни, Чеченија.

Погледнете за што станува збор ТУКА.

Кадрите од Чеченија брзо го обиколија светот, а не се малку луѓето кои останаа револтирани од она што го видоа. Еден од нив е и Федор, кој не ја одобри ваквата практика.

„Она што се случи на турнирот во Грозни е неприфатливо и не може да биде оправдано. Овие деца уште се мали – едвај осумгодишни, а веќе се удираат едно со друго пред очите на среќни возрасни луѓе. Дали е тоа навистина толку важно да организирате настан за сметка на здравјето на децата“, напиша Федор на Инстаграм.

Познато е дека Емилијаненко е и против учеството на жените во ММА, а тој постојано го изразува своето мислење и во оваа насока.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО