Претседателот на Чеченија: Американците од УФЦ се кукавици!

ramazan-kadirov

Чеченскиот претседател Рамазан Кадиров неодамна организираше ММА настан под банерот на ВФЦА/WFCA на кој учество зедоа таленти од World Series of Fighting и Bellator.

Кадиров во голема мера го шокираше светот и со идеата неговите мали деца да учествуваат во шоуто, а кога се појавија снимките од детските борби не задоцнија и реакциите за тоа.

И додека повеќето луѓе мислат дека е една работа е осум или десетгодишни деца да тренираат боречки вештини за дисциплина или задоволство, а сосема друга е на слична возраст да ги турнеш во кафезот и да се борат. Кадиров и одговори на критичарите, велејќи дека „УФЦ е полн со кукавици“.

„Ќе докажеме на светот дека сме најдобри. Чеченските, кавкаските и руските борци се најдобри. Американците од УФЦ се плашат од нас. Нашите борци Хабиб и Таисумов се број еден, но тие не добиваат шанса да се борат за титулата, бидејќи од УФЦ се плашат. Ние им упатуваме покана. Да го направиме – Ахмат фајт против УФЦ. Но тие се уплашени. Американците секогаш биле кукавици. Тие се заинтересирани за правење на пари, а ние сакаме да покажеме храброст и дух, да покажеме импресивни борби. Поради тоа сме различни од нив. Направивме вистинската работа, создавајќи наша организација“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО