Филип Стефановски: Сакам победа со нокаут во боксерски стил!

filip-stefanovski-pobednik

За Филип Стефановски од Гостивар може да се рече дека е џомба на ММА турнирот „Ноќ на вечните – засекогаш со вас“ во Велес, бидејќи ова му е втор настап, а минатата година на ефектен начин ја заврши борбата.

filip-stefanovski-soocuvanje

Годинава, што може да очекуваме со Нино Шкрељ?

-Па со оглед на тоа дека сите победи ми се околу првата минута, им препорачувам на гледачите многу да не трепкаат и будно да внимаваат, затоа што може во секој момент да заврши борбата.

Што мислиш за својот противник?

-Од тоа што можев да истражам и видам на интернет, не сум импресиониран. Но, исто така, мислам дека знае повеќе од тоа што го видов во неговата брза ММА победа. Очекувам да извади некоја скриена карта во стенд-ап, за која напорно се подготвував.

filip-stefanovski-vo-kafez

Што правеше во овој период меѓу дваата турнира?

-По победата од минатата година се посветив целосно на боксот. Се подготвував со тренерот Звонко Георгиевски во Скопје. Летово претежно работев граплинг и кик бокс на слабостите и одредени ситуации. Исто така, кратко се подготвував со клубот Будо од Велес.

Каква тактика ќе настапиш?

Па сите победи ми се со лост (полуга). Би сакал боксерската техника да дојде до израз овојпат и да победам со нокаут.

Го подига ли адреналинот велешката публика?

Велешката публика е прекрасна и активно го следи спортот. Се чувствувам доста мотивиран пред толку народ и задоволство ми е да се борам пред нив.

filip-stefanovski-so-klubot-od-gostivar

ММА турнир „Ноќ на вечните – засекогаш со вас“ ќе се одржи на 8 октомври во спортската сала „Гемиџии“ со почеток во 19 часот.

Организаторот има посебни награди за најдобриот борец на вечерта и за најборбениот пар.

Фјат-карта – „Ноќ на вечните – засекогаш со вас“:

-78 кг Мирза Сендиќ (МКД) – Изет Орлиќ (БиХ)

-84 кг Игор Лазаревски – Милош Јанчиќ (ЦГ)

-75 кг Ристе Гашев (МКД) – Јасмин Вршкиќ (БиХ)

-70 кг Филип Божиновски (МКД) – Анто Палавара (БиХ)

-63 кг Александар Заткоски (МКД) – Небојша Богдановиќ (ЦГ)

-72 кг Стефан Спасовски (МКД) – Маринко Зарубица (ЦГ)

-77 кг Стефан Пецевски (МКД) – Стефан Манчиќ (СРБ)

-77 кг Илија Андов (МКД) – Иван Скоко (ЦГ)

-70 кг Филип Стефановски (МКД) – Нино Шкрељ (ЦГ)

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО