Почина борецот на УФЦ Џош Саман

josh-samman

Почина борецот на УФЦ Џош Саман.

28-годишниот Американец почина откако во последните неколку дена ги помина во кома.

Саман во петкот е пронајден во несвест во својот стан во Јужна Флорида. До него е пронајдено телото на неговиот цимер Трој Киркингбург, кој работеше како најавувач во промоцијата на Саман Комбат најт.

Не е сосема јасно како тие починале. Објавено е дека се работи за предозирање со хероин, но мајката на Саман ги негираше обвинувањата и рече дека во неговото тело не се пронајдени траги од дрога. Во станот немало знаци кои укажуваат на насилство.

Саман во аматерскиот ММА влезе во 2006 година, а една година подоцна го направи професионалното деби. Тој беше дел од реалното шоу Ултимејт борец во тим на Џон Џонс.

Тој имаше ММА скор 12-4, додека во УФЦ оствари три победи и два порази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО