Феликс Штурм ја испразни светската титулата

feliks-sturm

Феликс Штурм ја испразни титулата ВБА (супер) светски шампион во супер-средна категорија.

Неговиот менаџер Роланд Бебак рече дека причината не е пад на допинг тест, туку операција лактот која 37-годишниот боксер планира да ја направи оваа година во Германија.

Во рингот планира да се врати во мај или јуни идната година.

За испразнетата титула, најверојатно, ќе се бори Русинот Федор Чудинов, против кого Штурм со сомнителна мнозинска одлука во реваншот во февруари ја освои титулата против Англичанецот Џорџ Гровес, кој досега три пати губеше во мечевите за титулата. Гровес го совлада Мартин Мареј во борбата за позицијата на предизвикувач.

Штурм по победата против Чудинов беше позитивен на анаболички стероид станозолол, а на 12 октомври во Биохемискиот институт во Келн планира да отвори „Б“примерок. Ако тој ги потврдува наодите на „А“ примерокот петкартниот светски шампион може да се најде во големи проблеми.

Келнскиот обвинител Даниел Волмерт рече дека Штурм е осомничен дека го прекршил новиот германски закон за борба против допингот и му се заканува казна затвор до 3 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО