Владимир Кличко е цврсто мотивиран да докаже дека се уште е број 1

klicko-portret

Извршниот директор на K2 Промушн, Том Лефлер, изјави дека поранешниот светски шампион во супертешка категорија, Владимир Кличко, е многу мотивиран и определ да ги врати појасите, со што сака да докаже на сите дека продолжува да биде №1 во најспектакуларната дивизија во професионалниот бокс.

„Во овој реванш се инвестирани толку многу напор и време, сега, единственото нешто што загрижува Владимир, е дали Фјури ќе излезе на рингот. Владимир не бил со статус на предизвикувач повеќе од 10 години, но бил вмешан во многу аматерски и професионални натпревари ширум светот, така што сегашната ситуација не влијае на кој било начин на неговата определба. Владимир е многу мотивиран и решен да си ги врати титулите, за да докаже дека се уште е најдобар во тешка категорија“, изјави Лефлер.

Како што е познато, во понеделникот во Лондон се одржа прес-конференција посветена на реваншот меѓу Кличко и Тајсон Фјури. Британецот не се појави на средбата со новинарите, а од неговиот штаб го објаснија неговото отсуство со тоа дека возилото му се расипало на пат за настанот. Капак на се било што и батеријата на телефонот му се испразнила.

Така поранешниот светски шампион во тешка категорија Кличко беше принуден да зборува сам пред медиумите. Украинецот го прифати случувањето на шега и дури позираше со сликата на противникот.

klicko-fotka-od-presot-bez-fjuri

https://youtu.be/XL7IC0LSxHg

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON