Владимир Кличко е спасен од опожарената јахта

Владимир Кличко, поранешниот светски првак во тешка категорија, во последен миг избегна трагедија на јахта на која беше заедно со роднини и пријатели.

Боксерот беше на годишен одмор во Шпанија, на Мајорка. Кога со јахтата исплови во море изби пожар и во последен момент е спречена голема трагедија.

По пожарот тој на Твитер објави дека „судбината буквално ја сфатила неговата желба за малку адреналин“.

За среќа, никој не е повреден во пожарот.

„Бидете внимателни што посакувате, судбината ја сфати мојата желба за малку адреналин премногу буквално, а нашиот излет на море заврши со пожар на јахтата. Пожарникарите ги евакуираа луѓето. Без грижа, сите сме добро“, напиша Кличко на Твитер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО