Владимир Кличко: Бев на дното, но никогаш не се сомневав

Легендарниот украински боксер Владимир Кличко, двократен светски шампион во супертешка категорија и освојувач на златен медал на Олимпијадата во Атланта 1996, раскажа зоштого  избрал спортот и за најтешкиот период од неговата кариера. Според неговите зборови, во детството дури и не помислувал на спортска кариера.

„Боксот не беше мојата омилена работа. На 14-годишна возраст се соочив со изборот – медицина или бокс. Решив дека медицината ќе ми треба подоцна. Ова „подоцна“, не се случи во мојата 27-годишна боксерска кариера. Мило ми е што станав спортист. Но, не бев роден како боксер. Едвај сега се чувствувам дека сум на место, но многу сум благодарен на боксот. Првичните проблеми ме обликуваа како личност и ме водеа. Ова ми помага дури и сега кога ја прекинав мојата кариера“, рече Кличко.

Како што посочи Украинецот, до 2004 година воппшто не му се допаѓал боксот. „Излгував во рингот, бидејќи отсекогаш сум го правел тоа. Си поставив цел: да победам на Олимпијадата. Го направив тоа во 1996 година. Потоа го потпишав мојот професионален договор. Имав само 20 години, и одеднаш имаше промотори, договори, пари. Ми се чинеше дека сонувам. Тоа не си го замислував и во најубавите сништа. Не можам да зборувам за љубовта спрма спортот. Бев само тврдоглав и напорно работев за постигнување на успех. Имав одлично его. Но, изгубив од Кори Сандерс и разделив со титулата. Потоа бев поразен од Леман Бравер. Тоа беше мојата прва битка со Емануел Стјуарт во аголот. Мојот прв пораз од него, и последен. Но, бев уништен. Бев шампион, а потоа неочекувано дојдоа овие два порази. Бев неуспехот на браќата Кличко. Беше тешко време за мене. После тоа, борбата со Дамарил Вилијамсон не се случи, како и моите очекувања. Но, јас никогаш не си дозволив да се поссомневам. Знаев дека може да биде подобро и сакав да го докажам тоа. Тоа беше внатрешно чувство, иако не ми остана ништо: ниту промотор, ниту телевизиски канал кој сака да ги пренусва моите натпревари, ниту брат отво боксот, бидејќи Витали одлучи да ја прекине кариерата по битката со Дани Вилијамс во декември 2004 година. Бев на дното“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО