Владимир Егоров осми на Светското првенство во У-23 (ВИДЕО)

Откако нашиот репрезентативец Владимир Егоров (-57 кг) не се пласира во полуфиналето по поразот од Кубанецот Раниери Ортега со 1-3 во четвртфиналната борба на Светското првенство во борење слободен стил во У-23 во Бидгошч – Полска, тој доби шанса во репасажот да се вклучи во борбата за бронзениот медал. Егоров се сретна со Казахстанецот Жандос Исмаилов и во интересна борба беше поразен со 4-8.

Единстевниот македонски репрезентативец во конечниот билнас го зазеде осмото место на Светското првенство за помлади сениори до 23 години. Секако, дека ќе беше поубаво да се радуваме на медал, но и ова е добар пласман нанашиот борач.

Егоров во четвртфиналето со технички туш (11-1) го совлдада Ислам Кенешов од Киргистан, а во првото коло го победи Абделхак Хербаче од Алжир со 10-4.

 

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО