18-годишниот романски пливач Давид Поповичи кој освои две европски титули е прогласен за Спортист на Балканот во анкетата која ја организира бугарска „БТА“, а учествуваа гласачи од сите земји.
Поповичи стана европски шампион на 100 и 200 метри слободен стил кај мажите, а исто така постави и светски рекорд на 100 метри. Романецот освои и уште десет златни медали на јуниорското СП и ЕП и беше прогласен за пливач број еден во Европа.
Романецот заврши на листата пред Новак Ѓоковиќ (тенис) и Лука Модриќ (фудбал). Најдобрата десетка ја комплетираа Милтиадис Тентоглу (Грција, атлетика), Тијана Бошковиќ (Србија, одбојка), Никола Јокиќ (Србија, кошарка), Јанис Адетокумбо (Грција, кошарка), Александар Везенков (Бугарија, кошарка), Лана Пудар (БиХ, пливање) и Таха Акнјул (Турција, борење).
Од Македонија имаше место за двајца меѓу најдобрите педесет. На делба на 13-тата позиција е Владимир Егоров кој го освои златниот медал на Европското првенство во борење, додека Стефан Ристовски, капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, се наоѓа на делба на 31. место.