Сеишин ги прогласи најдобрите за 2022 година (ФОТО)

Џудо клубот Сеишин одржа пригодна свеченост и доделување награди за најдобрите натпреварувачи за натпреварувачката 2022 година на ниво на клубот,  а додели и признанија за заслуги и помагачи на клубот.

Листа на најдобри натпреварувачи на ниво на клубот за 2022 година:

Ветерани: Мартин Ристески

Сениорки: Александра Најдоска

Сениори: Марио Цинцароски

Јуниорки: Теодора Димеска

Јуниори: Георгиј Магдески

Кадетки: Теа Настоска

Кадети: Никола Магдески

Пионерки: Тамара Илиоска

Пионери: Борис Џагадуроски

Помлади пионерки: Теодора Илиоска

Помлади пионери: Дарио Нанески, Немања Џагадуроски

Деца момчиња: Ване Ацески

Деца девојчиња: Мила Здравеска, Софија Ѓорѓиоска

Полетарки: Матеја Николоска, Јана  Ангелески

Полетарци: Владан Стрезоски, Христијан Бунески

Категорија: Покажан континуитет, борбеност и пожртвуваност на тренинг и натпревари

  1. Михаил Димоски

Програма за лица со попреченост најуспешен натпреварувач:

  1. Христијан Стојкоски

Најуспешен натпреварувач на ниво на Клуб е прогласена Теа Настоска.

Тренер на годината 2022 Марио Тошески 1 дан.

Во натпреварувачката 2022 година Сеишин – Прилеп зеде учество на следните натпревари во џудо:

  1. 8 Државни првенства со освоени 89 медали – 22 златни, 40 сребрени и 27 бронзени;
  2. 11 Меѓународни турнири со освоени 98 медали (26 златни,32 сребрени и 40 бронзени медали);
  3. 4 Балкански првенства (10 членови на клубот како репрезентативци) со освоени 7 медали (3 златни, 2 сребрени и 2 бронзени медали) како и две 7 ми места;
  4. 1 Европски куп за кадети во Ѓиор, Унгарија, со 2 натпреварувачки и освоено 7 место;

Во натпреварувачката 2022 година дел од членовите на клубот учествуваа  и на  престижни првенства во боречки вештини сродни на џудото и тоа:

1.Балканско првенство во самбо во Софија Бугарија, при што како членови на машката и женската самбо репрезентација за кадети освоени се вкупно 2 балкански медали (2 бронзени медали).

2.Европско првенство во кураш во Кожани, Грција, каде дел од кадетите и јуниорите на клубот како членови на македонската кураш репрезентација своија 8 медали (4 златни, 1 сребрен и 3 бронзени медали).

Имено на овие Првенства освоени се вкупно 204 медали и 3 пехари.

Пехарите се освоени на следните Првенства:

Меѓународен турнир „Мацура куп“ Солун, Грција,  2022 за најдобра странска екипа.

Меѓународен турнир „Скопје опен -2022“ за најдобар клуб.

Државно екипно првенство за сениори-ки за освоено 2 место.

Најзначаен успех за 2022 година  е освоеното 1 место во генерален пласман  на ниво на Македонија.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО