АктуелноДомашна сценаТаеквондо

Владимир Димитриевиќ е најдобар спортист на Охрид за 2025 година

Боречките спортови имаа забележителен успех во 2025 година.

Владимир Димитриевиќ е избран за најдобар спортист за 2025 година на Охрид.

Димитриевиќ е актуелен државен првак во традиционално таеквондо (ИТФ), а минатата година настапи на Европското и на Светско првенство и е единствен кој во една година настапи на Европски и Светски куп. На Европско првенство и Светски куп освои бронзени медали. Годината ја заврши со 3 златни, 1 сребрен и 2 бронзени одличја.

Најдобрите од спорот во Охрид за 2025 година ги поздрави градоначалникот Кирил Пецаков кој го истакна значењето на спорот и спортските успеси.

Најдоброто од спортот во Охрид за 2025 година:

-Охридска спортска надеж во инивидуален спорт (мажи) – Христијан Шибаковски (Таеквон-до) од Таеквон-до клуб „Хва ранг ИТФ“ – с.Лескоец Охрид

-Охридска спортска надеж во индивидуален спорт (жени) – Теа Донева (борење) од Боречки клуб „Аждер“ – Охрид

-Охридска спортска надеж во колективен спорт – Давор Танески (фудбал)

-Охридска спортска надеж во колективен спорт – Илија Трајчески (ракомет)

-Спортист од Охрид која настапува во клуб надвор од територијата на Општина Охрид во колективен спорт – Марија Дуновска (голман ракомет) од ЖРК „Стружанка“ – Струга

-Спортист од Охрид што настапува во клуб надвор од територијата на Општина Охрид во индивидуален спорт – Девран Куртис (пливање) од Пливачки клуб „3 Дисциплини“ – Струга

Спортист кој не е од Охрид, а настапува во екипа од Охрид – Тилен Стрмљан (ракомет) од ГРК „Охрид“ – Охрид

Спортист со најдобар остварен резултат во водените спортови – Анастасија Цветаноска (пливање) од Пливачки клуб „Акваспирит“ – Охрид

Тренер на годината – Саша Поповски (таеквон-до) од Таеквон-до клуб „Мастер“ – Охрид

Спортска екипа на годината – ГРК „Охрид“ – Охрид (ракомет)

Охридска спортска легенда – за посебни заслуги во спортот – Здравко Тупаре (веслање)

Спортист на годината – Владимир Димитриевиќ (таеквон – до) од Таеквон-до клуб„Мастер“ – Охрид.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON