Вјалдер: Секогаш одам на нокаут

Една од најдобрите борби во тешка категорија во боксот ќе се случи овој викенд.

Дионтеј Вајлдер се среќава со Луис Ортиз во Лас Вегас, иако критичарите велат дека тоа е чекор назад за него.

„За мене е чест да ја бранам титулата по 10-ти пат, особено кога многу луѓе ми велат дека воппшто не можам да станам шампион на сите федерцаии“, рече Вајлдер и додаде: „Но, еве ме тука по 10-ти пат“.

Десет одбрани на титулата во период од 4 години е навистина импресивно достигнување.

Уште поимпресивна е целта на боксерот кога ќе излезе во рингот, а секогаш беше само една – победа со нокаут.

„Победата си е победа, без разлика на тоа дали е грда или оспорена. Победата си е победа, но никогаш не сакам да излезам од рингот без да го нокаутирам противникот. Ќе те нокаутирам. Според тие правила, се борам. Не правам половични работи. За се што зборувам, целосно сум сериозен Такви се моите планови – да нокаутирам. Јас сум господар на нокаутите – чист и јасен“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО