Витор Белфорт: Холифилд не беше лош, се обиде да ми ја откине главата, но јас го демолирав

Поранешниот борец на УФЦ, 44-годишниот Витор Белфорт минатиот месец го победи 14-годишни постариот Евандер Холифилд.

Бразилецот ја совлада боксерската легенда во првата рунда на настанот на „Трилер“ во Флорида.

Многумина го критикуваа Белфорт по средбата дека ја сфатил борбата премногу сериозно, без оглед на фактот дека станува збор за егзибициска борба. Витор сега одговори:

„Холифилд се обиде да ми ја откине главата. Тој еднаш така замавна и ако ме погодеше ќе се вртев на подот. Но, тој промаши и падна.

Бразилскиот борец истакнува дека го победил најмоќниот во историјата на тешка категорија.

„Па, го победи Мајк Тајсон“, рече Витор Белфорт, додавајќи:

„Никој не вели дека добро боксирав, но колку беше лош. И воопшто не беше лош, го демолирав“.

Бразилецот тврди дека одлуката на судијата да го прекине мечот била потполно исправна.

„Внимателно влегов во мечот, но кога ме нападна, јас исто така возвратив. Немаше потреба да се продолжува борбата со оглед на неговата возраст. Доби многу аперкати во главата, а првиот беше многу силен. После тоа, добро удрив уште неколку пати“, подвлече Витор Белфорт.

Белфорт го повика јутјуберот Џејк Пол по мечот, а исто така покажа интерес за средба против Канел Алварез. Има желба да боксира и против поранешните колеги од ММА, а еден од кандидатите сигурно би бил Андерсон Силва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО