Клариса Шилдс се надева на настап на турнирот за милион долари: Сакам да верувам дека сум подобра од другите

Американската боксерка Клариса Шилдс влезе во светот на слободните борби и ја победи Бритни Елкин со прекин во третата рунда во првиот меч на ПФЛ настанот во јуни.

Една од најдобрите боксерки во светот ќе ја има следната ММА борба против Абигејл Монтес на 27 октомври на последниот турнир на ПФЛ.

Љубителите на ММА би сакале да ја видат Клариса на турнирот против ѕвездата на промоцијата Кајла Харисон, но тоа ќе почека малку.

„Би сакала да биде следната година, но сепак треба да тренирам, ми недостасува искуство. Таа може да настапи на турнир и да победи некои девојки, но тоа е турнир вреден милион долари“, рече Клариса Шилдс, додавајќи:

„Не сакам да доаѓам на турнирот само за да настапам. Сакам да знам дека имам толку многу знаење за да можам да ја победам секоја противничка на турнирот. Така што не верувам дека ќе биде толку брзо, може да биде 2023 година“.

Нејзината следна противничка е 21-годишната Мексиканка Абигејл Монтес.

„Научив многу од последниот меч и се уште ги совладувам вештините за борба на партер. Се уште учам, тоа е моја домашна задача. И сега со тимот подготвуваме тактика за противникот – рече Клариса Шилдс и заклучи:

„Таа веднаш ќе ме нападне, ќе бара удари со рацете и нозете и ќе се обиде да ме уништи. Но, нејзините противнички досега не мрднаа многу. Тоа беа девојки кои сериозно не го сфаќаат спортото, но јас сум различен борец“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО